Combigrid®

е композитен производ на Secugrid® геомрежа, со Secutex® неткаен геотекстил пробушен со игла цврсто заварен помеѓу арматурните ленти, за примени во стабилизирање,  сепарација и филтрирање на почви.

Combigrid® е мултифункционален

Combigrid® ги комбинира сите услови на разновидни својства во еден единствен производ. Поради тоа, главното поле на употреба за Combigrid® е на слаби подповршински слоеви на земјата, каде, покрај арматурата, потребни се својства на филтрирање и сепарација. По правило, ова значи подповршински слоеви на земјата со CBR вредност од помалку од 3%. На тој начин, полињата на примена за Combigrid® треба да се најдат во појачување на темелните слоеви, темелите, пристапните патишта, рововите за цевководи и низ секторот за изградба на патишта. Опсегот на достапните производи вградува разни степени на отпорност од кинење и неткаени компоненти и покрива разновидни примени. Combigrid® е, на тој начин, производ за универзални примени за сите намени.

Предности на Combigrid®

- појачување, филтрирање, сепарација и одвод во само еден производ, намалувајќи ја вкупната дебелина
- цврсто споен композитен производ
- многу висока јачина, а мало напрегање
- моментално испреплетување со покривниот агрегат
- висока отпорност од оштетување при монтажа
- неткаен геотекстил цврсто споен помеѓу рамномерно пресувани PP или PET ленти
- висока отпорност од биолошка и хемиска деградација
- 4.75 м широки ролни
- брз и едноставен за монтажа
- Сертифициран со ISO 9001
- Означен со CE

Combigrid® е безбеден

Достапен е од полипропилен (ПП) или од полиестер (ПЕТ), во зависност од условите на проектот. Подобен е за употреба во сите природни околини. Combigrid® геомрежите се супериорни елементи за појачување на почвата бидејќи го издржуваат оптоварувањето од силата на напрегање со многу малку истегнување. Ова резултира со моментално поврзување со силата и испреплетување со составот на почвата без примарна деформација. Монолитните рамни полимерни ленти што се користат за правење на Secugrid® се крајно робусни и имаат одлична хемиска отпорност, како и многу добра отпорност на временски прилики, како што е покажано во Глобалниот УВ тест.  Secutex® неткаениот готекстил за сепарација, што е цврсто интегриран помеѓу лентите за појачување, се истакнува со ефикасна долгорочна стабилност на филтрирање и висока робустност, поради што Combigrid® геомрежите се одобрени од страна на Сојузната Железничка Агенција за употреба во земјани работи за изградба на железници. Одличен пример на два поединечни високо квалитетни компоненти комбинирани во еден производ - Combigrid®.

Combigrid® е економичен

Combigrid® многу брзо и лесно се монтира, со тоа значително ги намалува трошоците за монтажа. Системските решенија што користат Combigrid® може да ја намалат дебелината на темелниот слој на патишта и често пати се избегнува потребата за замена на слабите потповршински слоеви, при што се зачувуваат ресурсите и намалуваат трошоците. За појачување на носечкиот слој, може да се бара диск за пресметка за одредување на правиот тип на Combigrid®/Secugrid®.

Combigrid® е едноставен

Combigrid® може да се монтира при виртуелно сите временски услови без тешка опрема или специјални градежни техники. Панелите се спојуваат, а континуитетот е обезбеден со едноставни преклопувања. Стандардни алати за сечење може да се користат за кроење на лице место и за стрмни странични косини, разни гемоетриски облици може да се формираат, каде што е потребно.

Заклучок:

Combigrid® може да се монтира при виртуелно сите временски услови без тешка опрема или специјални градежни техники. Панелите се спојуваат, а континуитетот е обезбеден со едноставни преклопувања. Стандардни алати за сечење може да се користат за кроење на лице место и за стрмни странични косини, разни гемоетриски облици може да се формираат, каде што е потребно.

Македонски