Secugrid®

е структурно цврста и стабилна геомрежа за појачување на почва, произведена од пресувани и оптегнати ленти, поставени и цврсто заварени заедно.

Secugrid® е мултифункционален

Secugrid® геомрежите обезбедуваат влечна арматура за слоеви на темели во инженерство на темели кај железници и автопати, стрмни земјани насипи и потпорни ѕидови, арматура на темели на земјани насипи, пренос на оптоварување на горни маси земја, премостување на празнини и сливници, затворање на лагуни од кал, покриви и корита на ровови. Со достапната отпорност од кинење Secugrid® е погодна за најкомплицираните проекти. Покрај нашите стандардни геомрежни производи, исто така, произведуваме Combigrid® - многу силен композитен производ составен од геомрежа и неткаен геотекстил.

Предности на Secugrid®

- многу висока јачина, а мало напрегање
- ефект на моментално испреплетување
- карактеристики на мало ползење (РЕТ)
- големи агли на фрикција поради структурните геомрежни површини
- висока отпорност од оштетување при монтажа
- 4.75 м широки ролни
- направен од еднакво пресувани цврсти РЕТ или РР ленти
- висока отпорност од биолошки и хемиски напад
- сили на биаксиална геомрежа до 80 kN/m
- сили на униаксиална геомрежа до 400 kN/m
- ВВА сертификат за појачани косини до 70°
- достапен со споен Secutex® неткаен материјал (Combigrid®)
- брз и едноставен за монтажа
- Сертифициран со ISO 9001
- Означен со CE

Secugrid® е безбеден

Secugrid® геомрежите се супериорни елементи за појачување на почвата бидејќи го издржуваат оптоварувањето од силата на напрегање со многу малку истегнување. Ова резултира со моментално поврзување со силата и испреплетување со составот на почвата без примарна деформација. Монолитните рамни полимерни ленти што се користат за правење на Secugrid® се крајно робустни и имаат одлична хемиска отпорност. Secugrid® се произведува согласно EN ISO 9001 : 2000 режимот, обезбедувајќи негова воедначеност и висок квалитет. Тој ги помина контролите на бројни реномирани институции за испитување на материјали и е одобрен од страна на Сојузната Железничка Агенција за употреба во земјани конструкции за железничко инженерство.

Secugrid® е економичен

Инженерските системски решенија со употреба на Secugrid® геомрежите може да ги зачуваат природните минерални ресурси со намалување на дебелината на темелниот слој за коловози. За оваа примена може да се бара диск на пресметка за одредување на точниот тип на Secugrid®. Бидејќи Secugrid® е лесен за ракување, може брзо да се монтираат големи количини со минимална потреба од работна сила и пониски трошоци за монтажа.

Secugrid® е едноставен

Secugrid® може да се монтира при виртуелно сите временски услови без тешка опрема или специјални градежни техники. Панелите се спојуваат, а континуитетот е обезбеден со едноставни преклопувања. Стандардни алати за сечење може да се користат за кроење на лице место и за стрмни странични косини, разни гемоетриски облици може да се формираат, каде што е потребно за најдобро вклопување на локацијата.

Заклучок:

Secugrid® геомрежните производи се екстремно робустни и лесни за монтажа, обезбедувајќи економично алтернативно решенија наспроти традиционалните градежни методи. Широкиот опсег на производи, вклучително и униаксиални и биаксиални (R и Q тип) геомрежи, ја прави Secugrid® идеална структурна компонента во практично сите полиња на градежништвото и инженерството на животна средина. Овие високо ефикасни, економични производи обезбедуваат едноставно, економично појачување на почвата, со појачување на природно нестабилна почва и подповршинскиот слој на земјата за да ги издржат условите на оптоварување наложени од барањата на модерното инженерство.

Кликнете тука за повеќе информации за Secugrid®

Македонски