Terrafix®

е еднослоен или повеќеслоен неткаен материјал пробушен со игли, за примена во сепарација, филтрирање, заштита и чување на песок.

Terrafix® е мултифункционален

Terrafix® е сестран материјал и се користи за широк спектар на функции вклучително: еднослојни или повеќеслојни геотекстилни филтри, душеци од песочен баласт, песочна амбалажа или цевки и заштита на корита. Terrafix® неткаените материјали и песочни душеци дејствуваат како сепаратори и филтри во хидроинженерски примени како што се изградба на насипи, рехабилитација и заштита на каналски корита, и крајбрежни работи. Изработен во цевки, Terrafix® може да се користи за заштита на пристанишни басени;  Terrafix Soft Rock® песочната амбалажа успешно се користи за заштита на крајбрежја и речни насипи.  Terrafix® има висока водна пропустливост, ја задржува почвата и овозможува раст на коренот така што структурите за заштита на насипите дискретно ќе се вклопат во природната средина. Terrafix® обезбедува заштита на корита за потпорни ѕидови, во водотеци, околу столбови и надолжни и напречни хидроконструкции.

Terrafix® е безбеден

Повеќе од 40 години успешна примена на Terrafix® неткаени геотекстилни материјали во хидроинженерство се доказ за нашите високи технички стандарди и вештини. Тестирањата извршени од страна на Сојузниот Институт за хидроинженерство (Bundesanstalt für Wasserbau, BAW), како и постојаното производство и контрола на квалитетот од трети страни, ја потврдуваат нашата посветеност за висок квалитет. Terrafix® се издвојува по неговата флексибилност, филтерска стабилност и отпорност од абење. Terrafix® е прилагоден на речиси секаква површина на монтажа и може дури да биде директно покриен со тежок оклопен камен. Нашите екстра широки ролни го намалуваат бројот на преклопувања потребен за да се заврши работата. Одличните својства на шиење и порабување на Terrafix® го минимизираат поместувањето на соседните панели за време на монтажата и работењето.

Terrafix® е економичен

Едноставната и прецизна монтажа на шипката за ширење значи висока ефикасност. Ова додава значителна економска заштеда во споредба со конвенционалните грануларни филтри. Со употреба на Terrafix® стануваат непотребни скапата екстракција, транспорт и монтажа и работно интензивните слоеви на филтри за песок и чакал. Terrafix® може директно да се покрие со тежок оклопен камен. Неговата докажана издржливост обезбедува долг работен век на конструкциите и ги минимизира трошоците за одржување.

Terrafix® е едноставен

Отпорноста на временските прилики и УВ-отпорниот омот го заштитува Terrafix® за време на транспортот и на лице место и може да биде истоварен и чуван со малку напор. За да се олесни монтажата, ролните може да се сечат на лице место со стандардни уреди за сечење.

Заклучок:

Terrafix® е високо квалитетен, робустен геосинтетик со стабилен филтер, што успешно се користи ширум светот во хидроинженерството со децении.

Македонски